Тимоние: Да се почитуваат роковите за одржување на изборите

ЕУ дипломатите во Македонија да извршат поголем притисок за посокоро одржување на локалните избори, побарал денеска градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов од францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
На работната средба во Неготино, Апостолов укажал дека е неопходна измена на Изборниот законик зашто најголема штета од истечениот мандат на градоначалниците, како што укажал, трпат граѓаните.
- Притисокот од амбасадорот на Франција и од сите евро дипломати ќе вроди со плод, точката да биде прва на дневен ред во Собранието на РМ зашто граѓаните се чувствуваат како од втор ред, не можат ниту една работа да завршат во општините, изјави Апостолов по средбата.
Тој изрази надеж дека локалните избори ќе бидат распишани за 15 октомври.
И пораката од Тимоние е да се почитуваат роковите за одржување на сите избори, пред се на локалните.
- Актуелната политичка криза да биде страница што побрзо ќе се заврти. Да чекориме заеднички напред кон евроатлантска интеграција на земјата. За тоа треба да се почитуваат роковите за одржување на сите избори, пред се локалните. Ние тој момент го очекуваме со нетрпение и со голем интерес како што впрочем го очекуваат и сите граѓани на Р.М. Станува збор за ургентна одлука која треба да ја донесе Собранието, истакна амбасадорот.
На средбата станало збор и за францускиот јазик при што Апостолов го претставил 20-годишното функционирање на француската паралелка, една од првите во Македонија.
Ново на Сител
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
