Тимоние: Без младите во ЈИЕ нема вистинска Европа

Младите се надежта на регионот, но и голем знак прашалник, бидејќи без Југоисточна Европа (ЈИЕ) не може да имаме вистинска Европа, порача денеска амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние на Балканскиот младински форум насловен „Активно младинско учество: поттик преку креативни и иновативни решенија“ во организација на Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје, алудирајќи на иселувањето на младите од земјите во регионот.
- Донесувањето на одлуките се прави на лице место, а за тоа треба да се мобилизираат младите. За тоа се потребни добри проекти како и добро меѓусебно познавање, истакна Тимоние.
Според него, конференцијата е продолжение на самитот во Париз 2016 според француско-германски модел кога беше формирана Регионалнарта канцеларија за младинска соработка РИКО.
За форумот, кој се одржува во рамките на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“, Станка Парац-Дамјановиќ од АЛДА, рече дека има цел да ги собере младите од регионот и од сите етнички заедници, со желба за приближување на реформските процеси во кои тие можат да придонесат.
- На сите ни е заедничко тоа што младите го напуштаат регионот. Ние поради тој проблем се занимаваме со едукација и поттик во локалните заедници како и активирање на потенцијалите на младите за да останат во својата средина и да придонесат во развојот на регионот, истакна Парац-Дамјановиќ.
Со младите, додаде претставничката на АЛДА, се работаи и на приближување на европските стандарди, но и на мобилизација на која ќе им се појасни реформскиот процес преку кој регионот ќе влезе во Европската Унија. Парац-Дамјановиќ се надева дека од овие активности ќе произлезат млади европски лидери кои ефектно и поефикасно на локално ниво ќе ги промовираат европските интеграции и локалниот развој.
Форумот доби поддршка и од општина Центар за која градоначалникот Саша Богдановиќ рече тоа го докажуваат и со тоа што се први кои отвориле канцеларија за млади во општината, како и дека преку општинскиот буџет ги поддржуваат младински инцијативи.
На конференцијата панелистите говореа за повеќе теми меѓу кои и за „Образование за активно младинско граѓанство, добро владеење и социјална инклузија – генерациски избор на Балканот за прилкучување кон ЕУ“, како и за „Граѓанското општество и Локалната самоуправа: мобилизирање на младите за активно граѓанство и учество во креирањето политики – добри практики од Западен Балкан“.
Проектот е поддржан од Фондот за Западен Балкан и е прва активност која се реализира со поддршка од овој фонд создаден за промоција и поддршка на проекти кои придонесуваат за поврзување на регионот.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
