Loading Video...
Тенис
22. November 2020 - 17:52

Тим и Медведев во дуелот за трофејот на завршниот Мастер во Лондон

Австриецот, Доминик Тим и Рисинот, Данил Медведев играат во финалето на завршниот Мастерс турнир во Лондон. 
 
Тие во полуфиналето ги елиминираа двајцата најдобро рангирани тенисери во светот. 
 
Тим кој е на 4.место на АТП листата со 2-1 во сетови го победи прво рангираниот Новак Ѓоковиќ, додека третиот светски рекет Медеведев исто така во три сета беше подобар од Рафаел Надал 
 
Русинот, Медведев ќе атакува на првата титула во Лондон, а вкупно деветта во кариерата, додека Австриецот, Тим кој лани во финалето во Лондон загуби од Циципас, ќе ја брка вкупно 18-тата титула во Мастерс серијата. 
 
Финалниот меч во Лондон започнува во 19 часот.