Тилерсон: Трамп разговараше со Путин за руските хакерски напади
Претседателот на САД, Доналд Трамп на почетокот на состанокот со претседателот на Русија, Владимир Путин го покрена прашањето за загриженоста на американскиот народ поради наводото руско мешање во претседателските избори во САД минатата година, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
- Имавме мошне остра и долга размена на мислења на таа тема, изјави Тилерсон по состанокот на двајцата лидери на маргините на самитот Г-20 во Хамбург.
Тој нагласи дека Трамп повеќе пати го „притиснал“ Путин на таа тема, но оти тој секој пат ги демантирал тие тврдења.
Тилерсон нагласи оти американскиот и рускиот претседател покажале дека имаа јасна позитивна хемија за време на првата директна средба.
- Во врска со карактерот на нивната средба, која траепа два часа и 15 минути, можам да ја опишам како мошне конструктивна. Двајцата лидери мошне брзо воспоставија врска, додаде тој.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата