Тилерсон негира дека го нарекол Трамп „дебил“
Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, наведе дека тврдењата на „Ен-Би-Си Њуз“ дека го нарекол американскиот претседател Доналд Трамоп „дебил“ се „целосна бесмислица“.
Откако претходно денеска, „Ен-Би-Си Њуз“ јави дека Тилерсон е „на чекор да поднесе оставка“, тој ги негираше тврдењата, нагласувајќи дека никогаш не размислувал за тоа.
„Ен-Би-Си Њуз“ јави дека на средба на Советот за национална безбедност на САД со членовите на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, одржана во Пентагон на 20 јули, Тилерсон го нарекол Трамп „дебил“.
По бурната средба, потпретседателот на САД, Мајк Пенс разговарал со Тилерсон и го замолил да се однесува со поголема почит кон претседателот. Исто така, според „Ен-Би-Си Њуз“, Пенс го убедил Тилерсон да не поднесува оставка.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана