„Тика“ го реконструира и опремува интернатот на „Иса Беј Медреса“
На барање на Исламската верска заедница, Канцеларијата на турската агенција за соработка и координација во Македонија (ТИКА) започна со проект за реконструкција и опремување на интернатот на „Иса Беј Медресата“ во Скопје.
Како што изјави на денешната прес-конференција програмскиот координатор на ТИКА за Македонија, Ајтекин Ајден, по посета на просториите на Медресата биле констатирани проблеми во однос на водоводната и канализациската инсталација, влага на фасадата и во внатрешните делови, како и појава на процес на корозија и гниење. Исто така, биле забележани и големи оштетувања на вратите и прозорите, односно голема застареност на мебелот.
Тендерот за реализација на проектот бил распишан во јули и веќе се работи на реконструкција на Медресата. Се очекува, според Ајтекин, работите на реконструкцијата, како и на внатрешното опремување на Медресата да бидат завршени најдоцна за пет месеци, а вкупната сума издвоена за проектот е околу еден милион евра.
- Се надеваме дека на 35-тата година од своето постоење Медресата ќе го добие стариот лик, но ќе функционира во многу посовремени услови за учениците кои ја посетуваат наставата и престојуваат во интернатот, рече Ајтекин.
Со проектот предвидено е обнова и на кујната, како и изградба на скали за евакуација и партерно уредување кое досега недостасувало, рече Ајтекин на прес-конференцијата спроти муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета