Македонија
17. May 2017 - 17:50

УХМР предупредува попладне доаѓа ново невреме

До крајот на денот не очекува променливо облачно, во наредните неколку часа се уште нестабилно со локален порен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Температурата ќе се движиод 16 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.Температурата ќе достигне до 24 степени.

До сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност, а нов влажен бран со врнежи од дожд и појава на грмежи се очекува в недела, кога ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на дневната температура.