Живот
29. April 2016 - 8:59

Тијана објавила фотографија од своето бебе на Интернет - По пет години, зажалила за тоа!

Кога Тијана Бановиќ од Рашка, Србија објавила фотографија од својата новородена ќерка на некој форум на Интерне, не ни помислила дека токму таа фтографија ќе го обиколи светот. И тоа од сосема погрешна причина.
 
Горда на тоа што станала мајка, Тијана неколку месеци по породувањето напишала приказна за своето искуство во бременоста и ја објавила фотографијата од својата ќерка. После скоро пет години истата фотографија ја видела на Фејсбук страница која ја следат преку 105.000 корисници, со коментар кој би требало да ги мотивира корисниците на оваа друштвена мрежа да ја лајкуваат и споделуваат.
- После прошетка со децата седнав пред компјутерот и видов дека пријателката ме означила на мојата фотографија од породилиштето. Бев шокирана, бидејќи под фотографијата од мојата ќерка стоеше коментар дека е штотуку родена и на основа на таа фотографија бараа лајкови. Ги контактирав администраторите на страната повеќе пати, но не ми одговараа. Потоа во коментар под сликата ги прашав зошто ја користат приватноста на моето семејство, ме блокираа, а прашањето го избришаа, - изјавила Тијана.
 
Наскоро фотографијата од нејзината ќерка се раширила на социјалните мрежи, бидејќи оваа страница не била единствена на која е објавена. Еден од администраторите и се јавил на Тијана и и оправдувал дека фотографијата не е симната од нејзиниот Фејсбук профил, туку од некој форум каде е објавена пред пет години, а содржината се уште е видлива и слободна за користење.