Тигри апселе во Дебар Маало, пронајдени кокаин и оружје
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“ синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба.
На ул.„Боемска“, информираа денеска од МВР, бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.
– На истата улица се лишени од слобода и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се појаснува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии
-
Избори во САД: Трамп во водство
-
Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ
-
САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154