-->
-->
Тие умираат од глад: По мински полиња во потрага по храна!
-->

На само дваесетина километри од главниот град на Сирија, во градот Мадаја кој се наоѓа под опсада од сириската војска стотици деца живеат прегладнети, некои умираат од глад, а високата цена на оризот кој се продава е екстремно скапа- 230 евра за еден килограм . Голем дел од семејствата “глодаат” трева и лисје, а некои извршуваат згрозувачки чинови и ги убиваат своите домашни миленици, а потоа ги јадат.
– Луѓето умираат како на забавена снимка, одгледувавме цвеќе во саксии и тоа е изедено, вели социјалниот работник Луај.
Истиот Луај пред извесен период испрати и фотографии до светските медиуми од луѓето кои умреле од глад. Тој вели дека е вистински сведок дека пред негови очи луѓето убивале мачки за да преживеат , а многу дрвја останале без лисја.
Иако независните медиуми не успеале да стигнат до градот поради опсадата, интернетот е преплавен со информации за прегладнети луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
