Бизнис
12. January 2019 - 20:48

Тие се рај во Европа: Ова се земјите од ЕУ каде платите се највисоки, дури и над 3.000 евра

Највисоки просечни плати во државите од Европсакта унија имаат работниците во Данска и Луксембург, додека најниска е во Бугарија.

Ова се резултатите од истражувањата кои ги направи истражувачот и економист Реинис Фишер, кој често објавува економски анализи, пренесува balkans.aljazeera.net.

Според анализиата кој во декември минатата година Фишер ја објави на својата интернет страница, просечните плати во Данска и Луксембург на крајот на минатата година изнесувале над 3.000 евра месечно.

По овие држави следуваат Шведска, Финска и Ирска, каде просечното месечно примање е околу 2.500 евра.

Според оваа анализа, просечната плата во Естонија изнесува 957 евра, во Летонија 738 евра, а во Литванија 693 евра.

Од останатите земји во ЕУ просечната плата во Португалија изнесува 925 евра, а во Грција 917 евра.

Најниски просечни плати во ЕУ се забележани во Бугарија - 457 евра, а скалило пред неа е Романија, каде просечната плата сега е 565 евра.