Кошарка
3. December 2020 - 9:23

ТФТ поразен на гостувањето кај Ибар во БИБЛ лигата

 Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ загуби на гостување во Рожаје кај црногорскиот Ибар со 96:79 во рамки на четвртото коло во БИБЛ лигата.

Клучен период за поразот на ТФТ на своето прво гостување во Балканската кошаркарска лига беше втората четвртина, која екипата од Рожаје ја доби со 37:15 задржувајќи ја високата предност до самиот крај.

По четири одиграни кола, ТФТ има скор од две победи и два порази, а следен противник ќе им биде бугарскиот претставник во БИБЛ лигата Академик Бултекс, на 17 декември во Скопје.