Фудбал
22. November 2022 - 19:54

Тежок пораз на Аргентина на стартот на СП во Катар

Режирана е првата сензација на фудбалскиот мундијал во Катар откако Саудиска Арабија ја совлада со 2-1 фаворизираната Аргентина. 
Гаучосите во овој дуел влегоа како големи фаворити особено што повеќе од три години немаа пораз или речиси 35 средби. 
Во првиот дел  првакот на Јужна Америка постигна гол од пенал преку Меси а во продолжението имаше можност да го зголеми водството но сите три постигнати гола беа поништени поради офсајд. 
Во вториот дел пресврт откако Ал Шехри израмни во 48-та минута и најави можен пресврт. За тоа се погрижи само пет минути подоцна кога во листата на стрелците се запиша Ал Давсари со прекрасна соло акција. 
Во продолжението Меси и дружината не успеаја да израмнат и  како еден од најголемите фаворити на првенството  се блиску до елиминација. 
Во вториот дуел денеска Тунис и Данска одиграа без голови 0-0 додека голови немаше и на средбата Мексико Полска на ккоја Левандовски не реализира пенал. 
Синоќа  САД и Велс одиграа 1-1.   Американците поведоа со погодокот на Тимоти Веа во минутите кога беа подобар противник но во вториот дел  Велс наметна своја игра со долги топки и заработи пенал кој успешно го реализира Герет Бејл.