Тевдовски во Штип: Повеќекратни економски бенефити од членството во НАТО и ЕУ

Министерот за финансии Драган Тевдовски при денешната посета на Штип со градоначалникот Благој Бочварски разговараше за тековните и идните проекти на општината и можностите кои се отвараат за развој на локално и државно ниво.
Тевдовски и Бочварски извршија и увид во градежните работи за пробивање и асфалтирање на три нови улици во штипската населба „Сењак“, каде што се градат неколку нови станбени згради, трговски објект, а наскоро стартува и изградба на нова градинка. Инвестицијата во улиците општината ја чинат 4.900.000 денари.
Бочварски изјави дека се на терен за да се увиди како работи и се развива општина Штип и бизнис секторот.
- Сите пари кои општината ги прибира од граѓаните, како ги насочуваме кон домашната економија. Го информирав министерот дека во моментов инвестираме 2,6 милиони евра во инфраструктура, капитални инвестиции, развој на нови улици, канализации и водоводи, вели Бочварски.
Министерот за финансии Тевдовски забележа дека за Министерството е многу важно што во Штип има сериозна инвестициска активност во реконструкции и изградба на инфраструктура.
- Разговараме и за можностите кои што ги нуди централната власт и Министерството за финансии. Практично зборуваме за проекти, кои што можат да бидат кредитирани, обезбедени како поддршка од Светска банка, кои што се под поволни услови, а се со цел да му помогнеме на Штип инфраструктурно да се развива, во наредниот период. Деновиве што ќе следат ќе работиме и на вакви иницијативи, рече Тевдоски.
Тој потенцира дека економијата се движи во позитивна насока, а последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст од три проценти, а за што како што вели Тевдовски тоа е и важно. Според него, поттикнувањето на локалниот развој е клучно и за развојот на економијата.
- Пред референдумот, многу е важно да кажеме дека членството во НАТО и ЕУ ќе имаат повеќекратни економски бенефити за граѓаните на Македонија. Досега како земја добиваме просечно околу 90 милиони евра ИПА грантови од Европската унија, со кои што се градеа патишта, се градеа пречистителни станици... Како министер за финансии имав прилика скоро секоја недела или месечно да присуствувам на отварање на такви проекти, кои што се изградени со пари од ЕУ, вели Тевдовски.
Тој додаде дека членството во НАТО значи стабилност и безбедност за нашата држава, а кои се и најважни за инвеститорите.
- Искуството од земјите во регионот е на пример во Црна Гора по членството во НАТО странските инвестиции се удвоени, нешто слично се случи и во Унгарија, кога странските инвестиции повеќе беа зголемени, некаде од 9 проценти на 19, 6 проценти од БДП. Такво нешто треба да се очекува и тука веќе заради правилната насока на движење и инвестиците и очекувањата за подобрување на уште повеќе во иднина, вели Тевдовски.
Странските инвестиции во првата половина од годината изнесуваат 325 милиони евра, за што Тевдовски вели дека е двојно повеќе од просекот на претходните три години. Со растот на економијата ќе се подобрува и животниот стнадард на граѓаните и ќе растат и нивните плати.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
