Тевдовски: Осигурителниот сектор ќе се хармонозира со ЕУ
- Сигурност и стабилност на осигурителниот сектор како во земјите членки на ЕУ, ќе добие Македонија со новиот закон базиран на директивата Солвентност 2, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
На завршниот настан од проектот кој овозможи Македонија да го изготви законот со помош на шпански експерти, Тевдовски напомена дека Македонија како земја кандидат за членство континуирано во националното законодавство ги имплементира стандардите и критериумите на ЕУ.
- Со новиот закон за осигурување ќе се зајакне и заштитата на осигурениците, ќе се обезбеди транспаретност во работењето на осигурителните друштва и ќе се постигне поголема подготвеност на осигурителната индустрија за соочување со конкурентските притисоци од внатрешниот пазар на ЕУ, истакна Тевдовски.
Според Јаромир Левичек од Делегацијата на ЕУ во Скопје, стабилноста, праведната конкуренција и цврстината на институциите се приоритет за осигурителниот пазар во ЕУ.
Левичек потсети дека ЕУ во извештајот за минатата година оцени дека Македонија е делумно подготвена за давање на осигурителните услуги.
Пазарот на осигурување во земјава сега е регулиран со Законот за супервизија на осигурувањето во кој се имплементирани капиталните барања на Солвентност 1.
Проектот „Понатамашно хармонизација со ЕУ во областа на осигурување и зголемување на пазарни операции“ се спроведуваше 21 месец со 700 илјади евра поддршка од ИПА програмата.
Ново на Сител
-
Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел
-
27 лица загинаа во израелски напади во Газа
-
Црна Гора го одбележува Денот на државноста
-
Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
-
Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден
-
ОЈО: Пред убиствата вујкото му ја препишал куќата на внукот, имало неразрешени семејни недоразбирања
-
Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп - Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина