Тевдовски: Одобрените 420 милиони долари од СБ ќе овозможат праведен раст
Министерот за финансии Драган Тевдовски го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и оцени дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.
– Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст, вели Тевдовски.
Бордот на извршни директори на Светска банка денеска ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.
Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.
Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување на подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување на поинклузивно учество на пазарите на труд.
Еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10 отсто.
Ново на Сител
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина
-
Преглед на вестите од светот