Тевдовски на средба со стопанските комори за минималната плата
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржи средба со претставници на стопанските комори за зголемувањето на минималната плата.
Со средбата продолжува отворениот дијалог кој почна минатиот петок кога во Министерството за финансии на разговори за минималната плата беа синдикалците.
Според предизборното ветување на Владата, минималната плата во земјава треба да изнесува 12.000 денари и да биде иста за сите. Министерот Тевдовски изјави дека ваквата проекција е можна, а за нејзино реализирање ќе се крати, нагласи, од комотитетот на власта.
По разговорите со синдикалците и коморите, министерот за финансии треба да има средба и со работодавачите. - И тие му даваат поддршка на нашиот предлог. Велат дека апсолутно има простор за зголемување на минималната плата но, само ако нема политички притисоци и казни, истакна Тевдовски пред средбата со синдикалците во петокот.
Договорените решенија со сите засегнати страни околу висината на минималната плата ќе бидат претставени и дебатирани и пред Економско-социјалниот совет.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?