Тевдовски: Ако се исполнат сите барања на буџетските корисници дефицитот ќе биде осум, а не 2,7 отсто
Буџетските корисници имаат поголеми барања за 500 милиони евра. Ако се исполнеа сите нивни желби за покачување на платите, буџетскиот дефицит ќе биде осум, а не 2,7 отсто од БДП, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски, презентирајќи го Предлог- буџетот за 2018 година пред членките на Стопанската комора на Македонија.
Тевдовски напомена дека првпат проекцијата на државната каса се презентира и дискутира отворено пред да биде усвоена што, најави, ќе стане пракса.
- За Македонија да оди напред, мора да зборуваме отворено, да бидеме транспарентни. Неопходно е да има дебати, не е ништо страшно да слушнеме различни мислења. Најважно е дека знаеме што сакаме и каде сакаме да одиме, истакна министерот.
Претставувајќи го Предлог- буџетот, уште еднаш повтори дека за зголемување на приходите се предвидува зголемување на акцизата на нафтата за три денари и зголемување на максималната основица на плаќањето придонеси од 12 на 16 просечни плати.
По обраќањето на Тевдовски, се очекува отворена расправа на која стопанствениците треба да ги изнесат своите размислувања, предлози и сугестии.
- До 15 ноември Владата треба да го усвои Предлог- буџетот и потоа да го достави до Собранието.
Ново на Сител
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад
-
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд