Теута Арифи присуствуваше на одбележувањето „Тирана – 100 година главен град на Албанија“
Тетовската градоначалничка Теута Арифи во Тирана учествуваше на одбележувањето на јубилејот 100 години главен град на Албанија.
Воедно, во рамки на престојот во Тирана, градоначалничката Арифи остварила средби со градоначалници Албанци на градови кои се дел од Унијата на албански општини.
– Благодариме за гостопримство на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај. Унијата на албанските општини ги потврди конкретните проекти. Наскоро се очекува домаќинот на новата регионална средба – Општина Тузи да продолжи со активностите на агендата Унијата на албанските општини во регионот, се вели во соопштението од Општина Тетово.
Во април 2019 година во тетовската општинска зграда, градоначалниците на Тетово, Тирана (Албанија), Приштина (Косово),Туз (Црна Гора), Чаир и Гостивар, како дел од Унијата на албански општини, потпишаа Меморандум за соработка во рамки на иницијативата „Зелени градови“ за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух и јавната чистота.
Предвидено е во Тирана да биде седиштето на Секретаријатот на Унијата како основа за регионални проекти.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени