-->
-->
Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон
-->
Теута Арифи не е кандидат за амбасадор во Вашингтон, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој одговарајќи на новинарско прашање на настанот за проширување на улицата „Никола Карев“, позната како Пластичарска, истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за Вашингтон, ниту пројавила интерес.
-За Теута Арифи воопшто не е разговарано. Таа е мој пријател, ја поддржувам, и помагаме во делот на Тетово, се реализираат проекти, развиваме сериозни големи инвестиции во Тетово, но таа ниту изразила желба, ниту некаде е понудена како кандидат, рече Заев.
Во врска со тоа до каде е проценудата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, Заев рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.
-Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката, рече Заев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
