-->
-->
Тетовско-гостиварската православна епархија со сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа
-->
Тетовско-гостиварската православна епархија изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа кај Ласкарци.
Во соопштението до јавноста се наведува дека по тој повод, денеска кога Светата Православна црква го празнува празникот Сретение Господово во храмот „Света Петка “ во Гостивар, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од Гостиварското намесништво отслужи Света Божествена литургија.
– Ништо повеќе и подобро не можеме да направиме ние за мртвите од тоа да се молиме за нив, спомнувајќи ги на Литургија. Тоа им е секогаш неопходно, а особено во оние четириесет денови во кои душата на преминатиот го минува својот пат до вечните населби, стои во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест