Тетовската пожарна доби нова хидраулична опрема
Територијалната противпожарна единица Тетово од денеска на располагање има нова хидраулична опрема за интервенции по сообраќајки или во други случаи. Станува збор за хидраулични клешти за сечење, за подигнување возила и товар, како и хидрауличен растегнувач за одвојување материјали.
– Станува збор за најмодерна опрема што ретко кој ја има на Балканот, од производител Холмарто. До опремување на пожарната доаѓа по тешката сообраќајна на автобусот во Ласкарци кога се увиде потребата за ваква квалитетна опрема за поефикасно справување и извлекување на повредени. Опремата е набавена од Дирекцијата за заштита и спасување кои ни ја предаваат за стална употреба, изјави командирот на Тетовската пожарна, Ука Алити.
Вкупната вредност на трите апарати и останата придружна опрема и алати е 25 илјади евра.
– Опремата ќе биде во корист на граѓаните на нашата општина и околината, бидејќи ние покриваме поширок терен. На пример за сообраќајки реонот ни е од Ласкарци до граница на општина Гостивар. Ние сме обучени во рамки на операцијата Флоријан за работа со вакви апарати и затоа ги добивме меѓу првите во државата, рече Алити
Ново на Сител
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-

Град во Италија воведе казни до 500 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ја исчистат нивната урина
-

Во четврток и петок пониски температури и нестабилно, со пороен дожд и грмежи
-

Бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња во Кисела Вода
-

Дронови над главниот град на Русија и откажани летови, се огласи градоначалникот на Москва
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати

