-->
-->
Тетовската полиција приведе тројца наркодилери
-->
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на синоќа во 22:40 часот во близина на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, запреле патничко моторно возило „Ауди А6“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 36-годишниот гостиварец Ш.Б, а во кое како совозач се наоѓал и 42-годишниот М.Ј, исто така, од Гостивар. При нивен и преглед на возилото, пронајден е кокаин.
Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Претходно околу 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Љ.С. од Порој, кај кого при преглед е пронајдена марихуана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство