Тетовската полиција апсеше наркодилери
Вчера во 18.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Б.(23) од с.Селце, тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
Вечра во 22,20 часот на патот с.Требош - с.Џепчиште, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(22), А.Д.(18), А.И.(20), сите од с.Нераште, тетовско, и С.Р.(19) од тетовско Ново Село, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Вчера во 23.30 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.С.(18) од с.Градец, тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.
На 19.10.2019 во 00.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Б.(20), М.И.(18) и Н.Р.(20), сите од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот