Тетово: Уапсен Турчин осуден на казна затвор од 15 години
Турски државјанин кој времено престојувал во Тетово е приведен во понеделникот, а вчера судија во претходна постапка му одредил притвор од осум дена поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа и непријавено престојувал во државата. Според информациите на Обвинителството, во текот на истрагата било утврдено и дека 50 годишникот е баран со меѓународна потерница од Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години поради дрога.
-Против 50-годишен државјанин на Република Турција Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, поведе постапка за кривично дело- Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот поседувал фалсификувана турска патна исправа. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. По направените проверки, утврдено е дека за осомничениот има распишана меѓународна потерница од Република Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години за кривично дело - Комерцијализација или набавување на наркотици или стимулативни супстанции согласно турското законодавство. Потерницата е распишана во декември 2022 година, информираше Обвинителството.
СВР Тетово информираше дека 50-годишниот А.Ш.од Република Турција околу пладне на 1 мај бил лишен од слобода на улица „29 Ноември" во Тетово поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа. Турскиот државјанин синоќа бил спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова