Македонија
23. January 2024 - 12:31

Тетово: Маж со автомобилот излетал од патот, пренесен е во болница со тешки повреди

Доцна синоќа околу 2 часот,  на регионалниот пат Тетово – Волковија, кај селото Брвеница, автомобил „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од И.С.(21) од Брвеница, излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клинички центар Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.