Тетово ќе биде домаќин на делегации од општини од Италија, Шпанија, Хрватска и Бугарија
Во рамки на Пауер проектот „Европска мрежа на жени градоначалници на општините за еднакви можности во животот на граѓаните “, подржан од програмата „Европа за граѓаните", Тетово од денеска до петок ќе биде домаќин на делегациите од градовите учесници во проектот од општини од Италија, Шпанија, Хрватска и Бугарија, рече денеска на прес-конференција градоначалничката на таа општина, Теута Арифи.
Гостинските делегации доаѓаат од Полина, Италија, Сиудат Реал, Шпанија, Благоевград, Бугарија и Лабин, Хрватска.
- Проектот за нас е многу важен бидејќи Тетово е единствениот град што не доаѓа од земја-членка на ЕУ. Ја искористивме можноста да поразговараме за меѓусебната соработка, проблемите и можностите за нивно заедничко решавање, како и да го претставиме Тетово, истакна Арифи.
Според планираната агенда, гостинките во следните денови ќе посетат значајни објекти во градот, ќе присутвуваат на изложба на слики од жени уметнички, а ќе присуствуваат и на претставувањето на професионалните средни училишта од Тетово.
Се планира и заедничка дискусија организирана на Универзитетот на Југоисточна Европа во градот, разговор со жените што работат по улицата на бутиците, претставување на храна и носии од регионот, запознавање на познати и признати лекарки, уметнички, професорки и други активности.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто