-->
-->
Тетовец затекнал крадци во својот дом, еве кој го извлече подебелиот крај
-->
Синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, М.Ц. (56) од Тетово пријавил дека непознати сторители извршиле разбојничка кражба во обид во неговиот дом.
Истиот ден, во периодот од 18.00 до 20.30 часот, кога се вратил дома, во дворот забележал непознато лице со пиштол во рака.
Го прашал што бара тука, а тој му рекол да застане да не го убие.
Од куќата излегло друго непознато лице со маска на главата, го удрил М.Ц. со бокс во главата, по што и двајцата избегале во непознат правец.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Притоа, било констатирано дека во спалната соба било ивршено пребарување, но не било одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива