Тетовец пренесен во болница - Додека возел залутал куршум му го пробил кровот

З.П. (28) од Тетово здобил повреди во главата откако, додека возел, во неговиот „Цитроен“ залутал куршум и го пробил кровот.
Според полицијата, немилиот настан се случил околу 15 часот во Тетово на булеварот „Илинденска“, додека З.П. бил заедно со својата сопруга С.П. (25) и нивното бебе. З.П. слушнал удар на кровот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата. Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Случаен минувач го пренел во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид изврши екипа на СВР при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 милиметри кој е подигнат за вештачење.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка
-

Повторно отворен воздушниот простор на Иран
-

Почнува Европско првенство во ракомет 2026
-

Трамп: Украина го успорува евентуалниот мировен договор
-

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
-

Лидерите на партиите во ЕП бараат конкретна и опиплива поддршка од ЕУ за Гренланд и Данска
-

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
