Тетовчанка уценувана со порно снимки, еве колку му платила пред да го пријави
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С. (35) од с. Вешала-тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Пријавениот во текот на 2016 година со цел да се стекне со противправна имотна корист ја уценувал оштетената Л.А.(21) од Тетово со која бил во љубовна врска дека преку социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии, а исто така и преку останатите друштвени мрежи испраќал порака со заканувачка содржина и дека ќе објавувал нејзини фотографии се додека не му даде 300 швајцарски франци.
По ова, пријавениот отворил нов профил на фејсбук со нејзино корисничко име каде објавувал нејзини фотографии со компромитирачка содржина за што на 28.03.2016 година со цел да престане со уценување од страна на мајката на оштетената му биле дадени 200 швајцарски франци, а на 01.05.2016 година пријавениот успеал да и одземе уште 100 швајцарски франци.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
Три од децата ќе бидат пуштени дома
-
Бешлиовска: Очекуваме аргументи во случајот со бебето на Детска
-
Земале подарок за да не напишат казна, кривична за тројца полицајци
-
Мицкоски: Потребни се 500 милиони евра и затоа толку се договорени со Унгарија
-
Целосна забрана за движење во шумите од денеска
-
На Табановце за влез се чека 30 минути, на Богородица и Дојран за излез 45 минути
-
Мицкоски: Пристигнати се два авиона и еден хеликоптер од Турција