Свет
10. May 2020 - 14:52

Тестовите за Ковид-19 доколку граѓаните патуваат во други земји ќе чинат од 20 до 200 евра

Моментално само за некои од земјите знаеме колкава ќе биде цената за тест на коронавирусот, но за почеток ова е само една слика за оние земји во кои што граѓаните најчесто патуваат.

Патувањето оваа година, доколку некој воопшто се одлучи за истото, ќе изгледа необично, но и скапо. Прво, осигурувањето најверојатно нема да ви го покрие лечењето доколку се заразите од коронавирус во друга земја. Второ, некои од државите, веќе одредија цена за тестовите за коронавирусот.

Србија – 50 евра

За влегувањето во Србија неоходен ќе ви биде негативен тест на коронавирусот, не постар од три дена. Граѓаните кои што ќе патуваат во странство, во Србија ќе можат да направат тест за коронавирусот кој што ќе чини околу 6.000 динари, односно 50 евра.

Босна и Херцеговина – 100 евра

Според податоците на тамошните медиуми, за тестот потребно ќе биде граѓаните да се обратат на Институтот за јавното дравје. Само тестирањето чини околу 100 евра. Граѓаните се огорчени поради тоа и тврдат дека нејасно им како воопшто се стигнало до таа цена.

Словенија – 20 евра

Сè уште не е одредена точната цена на тестовите за коронавирусот, но се прават проценки тестот да не чини повеќе од 20 евра.

Хрватска – 200 евра

Тамошните медиуми пишуваат дека тестот за коронавирус во Заводот за јавното здравје ќе чини 200 евра, но министерот за здравје претходно зборуваше дека таквиот тест чини околу 100 евра.

Австрија – 190 евра

Засега познато е дека аеродромот во Виена ќе нуди тестирања за коронавирусот за патниците да можат да избегнат карантин од 14 дена по враќањето во нивната земја, а тестовите ќе чинат 190 евра.

Германија – 200 евра

Според институтот „Роберт Кох“, пациентите со симптоми на грип исто така ќе се тестираат на коронавирусот. Трошоците ќе ги сноси здравственото осигурување во Германија, но само доколку тестот е препорачан од доктор.

Грција – 120 евра

Планот на тамошните власти е патниците да се тестираат во земјите од кои се враќаат, а потоа да се упатат кон Грција. Претходно, кога пандемијата имаше поголем замав, имаше најава дека доброволни тестови ќе чинат од 120 до 300 евра.