Тешко ранетата Хенриете Рекер избрана за градоначалник на Келн
Германската политичарка Хенриете Рекер, која беше избодена со нож во грбот за време на предизборната кампања за градоначалник на Келн, победи на изборите, освојувајќи 52,7 отсто од гласовите.
Во изборната трка за градоначалник на четвртиот по големнна град во Германија, Рекер во кампањата учествуваше како независен кандидат, подржана од партијата ЦДУ на канцеларот Ангела Меркел.
Својата изборна победа и изборот на градоначалник, не можеше да ја прослави со своите симпатизери, затоа што се наоѓа во болница каде се лекува по нападот.
Лекарите велат дека таа има тешки повреди и врз неа е извршена сложена операција, но општата здравствена состојба ја оценуваат како стабилна и веруваат дека таа ќе се опорави.
Уапесениот напаѓач, на првото сослушување изјавил дека бил гневен поради германската имигрантска политика.
Неговиот идентитет не е соопштен, освен дека станува збор за Германец на 44-годишна возраст, со криминално однесување. Полицијата соопшти дека тој ќе биде обвинет за обид за убиство и за нанесување тешки телесни повреди.
Рекер пред изборот за градоначаланик, била одговорна за приемот и сместувањето на мигантите во Келн.
Таа беше непадната за време на кампањата, пред партискиот штанд во градот.
Германија е изложена на силен наплив од имигранти и бегалци, главно од Блискиот Исток, а пред се од Сирија и Ирак.До крајот на годинава се очекува азил да побараат 800 илјади луѓе, но се стравува дека бројот на азилантите би можел да изнесува 1,5 милиони.
Ново на Сител
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25