Македонија
12. December 2021 - 17:30

Тешко повредена малолетничка во сообраќајна несреќа во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајна несреќа во Скопје,откако 23 годишник со патничкото моторно возило „киа сеед“ удрило во малолетничка.

На 11.12.2021 околу 19,20 часот на бул.„Партизански одреди“ патничко моторно возило „киа сеед“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Скопје, удрило во малолетничка од Скопје. Со повреди се здобила малолетничката на која и е укажана помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.