Тешко повреден работник во Неготинско, неготинец пријавил дека синот бил физички малтретиран од друг малолетник

Повреден бил работник во хала во Неготинско, а во друг случај неготинец пријавил дека синот му бил физички малтретиран од друг малолетник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 09:45 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош Неготино со тешка телесна повреда бил донесен С.Л.(34) од село Тимјаник, Неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во хала на стопански комплекс во близина на село Црвени Брегови, Неготинско. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
Како што информираа оттаму, вчера во 11:30 часот во ОВР Неготино, Т.М.(36) од Неготино, пријавил дека неговиот малолетен син, во училиштето во кое учи и надвор од него, подолг период бил физички и психички малтретиран од друг малолетник. Известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и се преземале мерки за расчистување на настанот.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР: Најстудено утрово во Берово
-

ФЗО ќе соопшти за спроведените контроли на работењето и финансиското управување во јавните здравствени установи
-

Конференција на Советот на министри за култура од ЈИЕ, најавена декларација за одржливи културни модели
-

Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Ново Село
-

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

На скопскиот аеродром ќе биде испратен три милионитиот патник годинава
-

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје
-

Путин објави заземање на украинскиот град Северск
