Македонија
30. August 2017 - 15:21

Тешко повреден пешак во Битола

А.П. (76) од селото Трново синоќа е тешко повреден додека ја минувал пешки крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Ѓорги Наумов“ во Битола.

Според МВР, во него удрило патничко возило „Фиат Пунто“, управувано од битолчанецот С.К. (31).

Несреќата се случила во 20:50 часот, а А.П. е пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Битола.

Увид на местото изврши екипа од СВР Битола.