Тешко повреден патник во автобус во сообраќајка во Скопје
Патник во автобус бил потешко повреден во една од вкупно 13 сообраќајки што се случиле во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во шест била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 10 возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, како и 10 возачи за некористење заштитен шлем.
Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи, како и две возила за претовар. Санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 261 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило пајак отстранети биле 57 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во рамките на сообраќајно - воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Аврам Писевски“, кое се наоѓа во општина Карпош .
Ново на Сител
-
Две скопјанки претепани на паркинг во Чаир
-
Трагедија во Србија: Ученик скокнал низ отворен прозорец во училиште, по што починал
-
Пендаровски: Апелирам да не се става европско знаменце на предлог законот за игри на среќа
-
Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава
-
СПМ: Изјавата на премиерот дека нема одлагање на измените на Уставот е последен крик на човек кој го губи тлото под нозе
-
Бектеши: Македонија потроши најмалку пари во справувањето со енергетската криза во регионот
-
Ученичка повредена по пад на таван во медицинското училиште во Битола
-
Спасовски најави зголемување на платите на вработените во МВР и напиша: Тивка вода брег рони