Македонија
16. August 2016 - 15:59

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на локалниот пат Грдовци Мојанци

Изутринава на локалниот пат од село Грдовци кон село Мојанци кочанско се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко повредено и пренесено на Клиничкиот центар во Скопје.

До несреќата дошло откако  се судриле моторно возило со италијански регистарски таблички управувано од жител на село Зрновци и мотоциклист од село Грдовци.

Во несреќата потешко е повреден 37 годишниот мотоциклист, кој по укажата лекарска помош во Хируршкото одделение на Општа болница Кочани, заради сериозноста на повредите е пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на настанот излезе истражен судија и преставници од Полициската станица од Кочани. Во интерес на истрагата засега полицијата не соопштува други информации за несреќата.