Македонија
3. May 2023 - 11:54

Тешко повреден малолетник откако друг малолетник со мотор удрил во него

На 02.05.2023 во 12.35 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.„Тодор Александров“ во Пробиштип, мотоцикл со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Пробиштип, удрил во друг малолетник од Пробиштип.

Во несреќата малолетниот пешак се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.