Македонија
24. March 2018 - 11:23

Тешко повреден малолетник (16) од Скопје, му побарале пари па го избоделе

Вчера во 17:55 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје пријавиле дека било донесено повредено 16-годишно момче од Скопје. 

Околу 15:30 часот, додека малолетникот се движел по ул. „Анастас Митрев“ во Скопје, бил пресретнат од неколку непознати лица кои му побарале пари.

Откако им кажал дека нема пари, тие го турнале и со тврд остар предмет му нанеле убодна рана во десната нога.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.