Македонија
10. April 2023 - 12:11

Тешко повреден малолетен возач на „фиат уно“ во сообраќајка во светиниколско

На 09.04.2023 во 16.25 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 - годишник од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од с.Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.