Македонија
29. November 2020 - 12:03

Тешко повреден 22 годишник откако со своето возило излетал од коловоз

На 29.11.2020 во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, прилепско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.