-->
-->
Тешки кражби низ Охрид - полицијата ги уапси крадците
-->
Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) како и против К.А.(48) за кривичното дело „прикривање“, двајцата од Охрид.Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги извршил во периодот од 01.10.2019 до 21.01.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби Рача и Исток како и во викендици и хотел во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Тој користел подесен алат и одземал електрични апарати, бела техника, уметнички слики, други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот К.А.
-->
-->
-->