Свет
23. March 2017 - 0:05

Тешка железничка несреќа, воз излета од шините

Воз што сообраќал Милано - Базел денеска излета од шините на станицата во швајцарскиот град Луцерн, при што се повредени неколку лица, соопшти полицијата.

Според претставници на Железници на Швајцарија еден вагон се превртел кога возот „Евросити“ ја напуштал станицата во Луцерн.

Тројца од повредените лица се хоспитализирани.

Сите патници се евакуирани, а железничкиот сообраќај е во прекин.