-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа, во судар на камион и автомобил повреден совозач
-->
Вчера утро во 06.20 часот било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населба Хиподром, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Б.(42) од Велес и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(36) од с.Петралица, Крива Паланка.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од с.Огут, Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси