Тешка сообраќајна несреќа во Куманово - Малолетник пренесен во скопскиот Клинички центар
Едно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево, околу 17 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во населбата „Иго Тричковиќ“.
Во кумановската болница момчето е примено со повеќе повреди, по што е упатено во скопскиот Клинички центар.
- Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.
Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето, кое тргнало по топката на патот, удрил автомобил марка „Мерцедес“ А класа со кумановски регистарски таблички.
Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга