Македонија
26. August 2018 - 10:33

Тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта - повредени четири лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила во близина на село Железнец, повредени четири лица. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 14,12 часот е пријавено дека во близина на село Железнец, демирхисарско се случила сообраќана незгода во која учествувале товарно моторно возило „Ман“ и полуприколка сопственост на фирма а управувано од Д.Д.(30) од Кичево, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Х.(50) од Битола и паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со битолски ознаки.

 Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата сопатници во патничкото возило Ј.К.(61) и Д.К.(58) двајцата од Македонија но со живеалиште во Австралија. Со телесни повреди се здобиле Д.Д. и З.Х. Извршен е увид на местото на настанот.