Македонија
17. November 2017 - 13:01

Тешка сообраќајна несреќа кај Штип: Автобус се заби во автомобил - има повредени

 На магистралниот пат А-3, Делчево-Штип, пред с.Облешево, вчера во 17:.45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со беровски регистарски ознаки управуван од С.Д.(61) од Берово и возило „Форд Ескорт“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од Виница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. кој е пренесен во Клинички центар-Скопје и сопатниците во возилото дете на возраст од четири години од Виница и Г.С.(41) од Куманово.

Двајцата сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, а додека сопатничка, исто така, во возилото „форд ексорт“, Л.М.(24) од с.Лаки-Виница се здобила со телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кочани.