Македонија
30. November 2018 - 10:52

Тешка сообраќајна несреќа кај МАНУ, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случи на булеварот Крсте Мисирков, на пешачкиот премин кај МАНУ.

Сообраќајот се одвива отежнато, но не е во прекин. До овој момент е познато дека се повредени четири лица кои веќе се пренесени во бо лница. Во несреќата учествувале две патнички возила кои со предните делови удриле директно едно во друго.

фото: алсат