Македонија
12. March 2018 - 10:55

Тешка сообраќајна несреќа - двајца битолчани итно пренесени во болница

Вчера во 09:30 часот во Битола, на улица „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода“ управувано од Н.К.(41) од село Кравари, битолско и патничко моторно возило „Хјундаи“, управувано од А.Д.(46) од село Оптичари, битолско.

Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди, по што им е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот.