-->
-->
Тешка сообраќајка во Скопје: Со автомобил удриле во семафор, повредени две девојки
-->
Две девојки, од кои една потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 05.30 часот на крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(23) од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера.
-Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Н.(22) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила Н.З., се наведува во полицискиот билтен.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром